| четврток, 6 декември 2018 |

Миле Јанакиески бара од судот да изврши вештачење на хард дискот со снимените разговори

Миле Јанакиески бара од судот да изврши вештачење на хард дискот со снимените разговори. При поднесувањето на обвинителниот акт, СЈО имаше преслушано само 45 отсто од аудио фајловите, а денес тој процент е 85. Што значи дека за над 200.000 разговори за кои не се информирани ниту судот ниту одбраната.

– Го замолувам судот да направи вештачење на хард дискот кој е предаден на СЈО од страна на СДСМ и за кој не постои записник, бидејќи постојат индиции дека се копии, а СДСМ сеуште ги чуваат снимките, истакна тој.

– При обавувањето на моите функции од 2005 – 2015 година моето влијание било насочено кон реализација на проекти кои биле во интерес на граѓаните. Ниту во еден момент не сум ја искористил мојата службена положба со цел вршење на кривично дело што ми се става на товар. Се работи за една конструкција и тоа го потврдува и фактот што во списите на предметот воопшто нема доказ кој оди во прилог на тврдењето на обвинителството. Ќе докажам и дека не сум направил и не сум ни можел да направам кривично дело, бидејќи во тој период не сум бил член на највисоки тела во партијата. Исто така СЈО го повреди моето право на одбрана. На мојот приговор од 11 страници СЈО одговара само со една реченица. Со ова, станува збор за необразложен приговор спротивно на Европскиот суд за човекови права, бидејќи секоја одлука мора да биде образложена, истакна Јанакиески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top