Правни пречки не постојат за да не се примени Европската конвенција за заштита на човековите права, напротив, Република Македонија е обврзана да го стори тоа, бидејќи е потписничка на конвенцијата, сметаат адвикатите и професорите по уставно право.
Адвокатот Еленко Миланов потврди за „Република“ дека Врховниот суд на Грција постапил во согласност со меѓународните прописи.
-Не само меѓународното право, туку и домашното законодавство пропишува дека одлука не може да се измени на полошо за осомничен, обвинет, осуден, односно еднаш стекнато право, создадено од аболиција или помилување од страна на претседателот Иванов не може се повлече. Дали е тоа ден, два или месец и пол како што стои меѓу одлуката за помилување и за повлекување на таа одлука, тоа е стекнато право коешто не може да биде одземено.
Во таа насока, вели тој, има одлуки и на Судот за човекови права во Стразбур, коишто очигледно ги прифатил како неспоред факт и судот во Грција. Адвокатот смета дека е излишно да се кометира на оваа тема, зашто македонските судови треба по службена должност да ги применуваат одредбите на меѓународното законодавство, на кои се обврзала Република Македонија, а не тоа да им биде предочено.
Адвокатот на ексразузнавачите Грујевски и Бошкоски Петар Василев за ТВ 24 потврди дела главниот аргумент на грчкиот Врховен суд за да не ги екстрадира во Македонија била амнестијата која ја направи претседателот Ѓорге Иванов пред две години. Во листата амнестирани беа 57 лица, а меѓу нив и Грујевски и Бошкоски.
Тамошниот суд одлучил дека еднаш донесена одлука за амнестија не може да биде повлечена потврди и адвокатот за ТВ 24, Петар Василев.
– Сметаме дека одлуката е објективна и заснована на законот. Денеска Врховниот суд на Република Грција одлучи да не ги екстрадира, наводно обвинетите Горан Грујевски и Никола Бошковски, бидејќи смета дека амнестијата, односно помилувањето што го има дадено претседателот Иванов за случаите што се поведени против нив, има правна сила, односно никогаш не може да престане правната сила по издавање на амнестијата. Ова судот го темели врз основа на законот и врз основа на праксата и пресудите на Европскиот суд за човекови права, изјави Василев вчера.
Срам за македонскиот правен систем: Аболицијата важи во секоја правна држава, само во Македонија не!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст