| четврток, 6 декември 2018 |

Богдановиќ: Во најбрз можен рок ќе најдеме решение за состојбата во „ОУ 11 Октомври“

Градоначалникот на Општина Центар Сашо Богдановиќ за „Република“ изјави дека во петок е договорена средба со родителите кои се пожалија на храната и добавувачот во „ОУ 11 Октомври“. Како што вели Богдановиќ и порано имал средба со група родители и проблемот на кој тие се жалат времено бил решен. Градоначалникот потенцира дека во најбрз можен рок ќе се најде решение, па и доколку се согласат родителите ќе се случи и раскинување на договорот со добавувачот. Бидејки како што вели тој родителите се тие кои го бираат добавувачот на храната во училиштата, менито го бираат тие, како и цената. Според изјавата на Богданивиќ за „Република“ имало родители кои се задоволни од храната во „ОУ 11 Октомври“, но имало и група на родители кои не се задоволни и бара тоа да се реши. Тој вели дека за реакцијата на родителите разговарал и со фирмата добавувач. По средбата во петок Богдановиќ очекува да се донесе конечно решение на состојбата.

Ужинка со поминат рок, скиснат сутлијаш, каква храна им се давала девет месеци на децата во ОУ „11 Октомрви“?!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top