Гнездо на штркови во кое имаше пет мали штркчиња изгоре денеска во кавадаречкото село Сопот. Интервенирала и Територијалната противпожарна единица од Кавадарци. Командирот Илчо Богевски рече за МИА дека според првичните информации, можно е поради змија или меѓусебно туркање, штрковите да предизвикале допирање на две жици и спој, по што настанал пожарот. Изгорел и дел од бандерата, но спречено е огнот да се прошири на блискиот објект. Очевидците изразија жалење што не се успеало да се спасат младите штркчиња.
– Видно вознемирени, возрасните единки седеа до последен момент во гнездото, како да бараа начин да ја спасат својата рожба. За жал, не можевме да им помогнеме на време, иако се јавивме во противпожарната служба и ЕВН, рекоа очевидци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст