Претседателот на Обединети за Македонија и новопоставен функционер во кабинетот на премиерот Зоран Заев како советник за странски инвестиции, одеднаш го снема. Како во дупка да пропаднал. Не може човек ни да го види, ни глас да му слушне. Ало, брат Љубе, јави се! По се изгледа, ниту следи медиуми, ниту слуша или се прави дека не е од тука.
Оставката на Џезаир Шаќири, алијас командант Хоџа, од истата функција, само одговорен за безбедност, очигледно не бил доволен предизвик за него. А, двајцата се најдоа под удар на јавноста. И што е уште поважно, како присутни имиња на црната листа на САД, изразената загриженост на американската амбасада во Скопје за нивниот функционерски ангажман, што значи и потенцијална опасност за американската национална безбедност, не ја сфатил доволно сериозно. Или, нему му значат одредените 50.000 денари народни пари за функционерскиот ангажман или нема доблест како Шаќири за таков чекор. А, богами не треба да се има доблест, треба да се има, народски кажано, нешто друго, ама и тоа го нема.
Љубе Бошкоски се уште е советник на премиерот за странски инвестиции. А, како ќе привлекува и обезбедува, на пример, американски инвеститори ако не патува во САД? Да не мисли дека тие него ќе го бараат?! Не, се лаже. Затоа од негова страна ќе биде одговорно да не чека на средба со премиерот Заев, туку самиот да се повлече час поскоро.
Пишува: Предраг Димитровски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Идејата за размена на територии повторно на маса: И Ангелов, Георгиевски и Бошкоски се за двојазичност и федерализација
-
Лутите политички ривали Георгиевски, Бошкоски и Ангелов заедно на изборите со „ВМРО за Македонија“
-
За што разговараа Зекири и Бошкоски со Спасовски во МВР?
-
Случај „Ровер“: Љубе Бошкоски ја напушти судницата