| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерот на Израел по победата на Евровизија заигра како кокошка (Видео)

Премиерот на Израел Бенџамин Нетанјаху е многу задоволен откако неговата земја победи на Евровизија, па на јавноста им приреди мало изненадување.

Пејачката Нета Барзилај со песната „Toy“ им ја донесе победата на Израел во саботата вечерта, а Израелците веќе со денови на најразличен начин ја слават победата.

Еден од илјадниците граѓани кој е горд на победата е и премиерот на Израел кој пред почетокот на состанокот на Владата го започна играјќи како кокошка.

-Овие денови Ерусалим е благословен со многу подароци, рече премиерот.

А во меѓувреме на социјалните мрежи се појавија и снимки како премиерот го изведе танцот, погледнете.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top