Партискиот функционер на ДУИ, Беќир Асани – Беќо, на последниот состанок на партијата во момент на расправија се обидел физички да го нападне градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, објавува порталот на албански јазик „ТетоваСот“.
-Беќир Асани – Беќо на последниот состанок се изнервирал толку многу што упатил многу критики против градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу. Како што се дознаваме, расправијата меѓу Беќо и Ганиу била тензична, а причина била легализација. Вербалната расправија ја прекинал лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а како што велат нашите информации ако не интервенирал Ахмети, караницата ќе завршела со тупаници- пишува порталот „ТетоваСот“, во текст под наслов „Нервозниот Беќо, за малку не го удрил со тупаници Висар Ганиу на состанокот на ДУИ“
Понатака со текстот се вели дека на овој состанок биле критикувани и неколку министри на ДУИ.
-Најкритикуван бил вицепремиерот за Охридскиот рамковен договор, Хазби Лика, за неговата досегашната работа во Владата. На адреса на Лика имало критики за доцнењето на систематизација на вработените, и за ниската застапеност на Албанците на клучни позиции во институциите. Помалку критики имало за вицепремиерот, Бујар Османи и министерот за екологија, Садула Дураку, но и за министерот за економија Крешник Бектеши. Според ова, нема да биде изненадување ако Ахмети му предложи на Заев смени на некои министри. Според нашиот извор, се најавува рокада на министрите за правда и образование. Сепак, од ДУИ велат дека сè е во рацете на Ахмети- објавува „ТетоваСот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст