| четврток, 6 декември 2018 |

ПАОК изгуби, гореше Грција: Се запали полицаец во Атина (ВИДЕО)

Во Грција денеска се играше финалето на грчкиот куп помеѓу ПАОК и АЕК, но натпреварот остана во втор план поради немилите настани низ улиците на Атина.

Грчкото фудалско првенство беше прекинато поради инциденти на натпреварот помеѓу двата тима, кога газдата на ПАОК, Иван Савидис влезе на теренот со пиштол, со кој му се закануваше на судијата поради поништен гол за неговиот тим во 90-та минута.

Па така, ПАОК остана без титула, бидејќи таа замина во рацете на АЕК.

Поради ова, револтираните навивачи на ПАОК предизвикаа хаос низ улиците на Атина, а полицијата ја гаѓаа со пиротехника и молотови коктели.

Грчките медиуми пренесоа видео на кое што се гледа како еден навивач фрла огнена топка директно на полицаец, кој се спаси благодарение на униформата.

На полицаецот му се запалија чизмите и пантолоните, но за среќа брзо успеа да ги изгаси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top