| четврток, 6 декември 2018 |

Ги бркаа инвеститорите, сега ги молат да останат

Картелот на власт се соочува со своето минато. Со години од опозиција ги напаѓаше економските политики за привлекување странски инвестиции, со години го критикуваше рамниот данок, на удар беа и отворањето на индустриски зони, улогата на економските промотори, субвенционирањето на отворањето нови фабрики. Дури ги негираа и вработувањата намалувањето на невработеноста, растот на македонското производство, го негираа намалувањето на разликата меѓу увозот и извозот, и најмногу од се’ ја исмеваа платата која токму странските инвестиции им ја овозможуваа на илјадници нововработени.

Меѓу оние кои беа на удар беа и отворањето на битолската индустриска зона „Жабени“, а под голем јавен притисок и политички мотивирана медиумска „лупа“ беше компанијата „Кромберг и Шуберт“.

Состојбата до толку ескалираше што дури се објавуваа и лажни писма од наводно вработени во фабриката на германската компанија која според договорот од 2011 година направен со тогашниот министер Веле Самак за почеток требаше да вработи 2.500 работници од Битола и околината.

Во политичката борба која картелот на власт ја водеше против ВМРО-ДПМНЕ, мораше да се негираат економските успеси и драстичното намалување на невработеноста откако Македонија беше поставена на светската карта на конкурентна земја за инвестирање.

Во таа ниска политичка хајка не се водеше сметка дали народот можеби ќе остане на улица или воопшто нема да може да најде работа. Во таа ниска борба со странските инвестиции, се посветуваа цели медиумски кампањи против договорите кои економскиот тиом на ВМРО-ДПМНЕ во владата ги потпишуваа со нив, се негираше позитивен ефект кон намалување на невработеноста.

Меѓу првите зафати, наречени „реформи“, кои ги презеде Картелот на власт беше укинувањето на кампањите во странските медиумски корпорации за инвестирање во Македонија, како на американската СиЕнЕн која придонесе со значителен ефект.

Дали има и колкава е грижата за странските инвестиции и намалување на невработеноста во земјава на Картелот на власт, доволен показател е тоа што на местотото на економскиот тим составен од звучни имиња предводен од Зоран Ставревски, сега во тимот за инвестиции на Драган „Данска“ Тевдовски се свртија имињата на Самка Ибраимовски, Рамиз Мерко, Љубе Бошковски, луѓе за чие портфолио нема потреба да се зборува.

И како и за се’ кажано од оваа власт до сега, Зоран Заев и Кочо Анѓушев сметаат дека и народот, но и странските инвеститори имаат куса меморија. Соочени со целосен економски крах, и најмногу неуспех во привлекувањето инвеститори кои би вложиле под сите јавни и тајни условувања на Заев и на Анѓушев, не им останува ништо друго туку да „лижат таму каде што плукале“.

По сите критики и обвинувања токму за Кромберт и Шуберт, владата изјавува како Заев и Анѓушев го молат менаџментот на „Кромберт и Шуберт“ да продолжат да вложуваат во Македонија. Нивните медиумски испостави сега наместо критики, пишуваат дека „Кромберт и Шуберт“ ги задржа младите битолчани дома.

„Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев изразија силна поддршката од Владата за странските компании и го охрабрија менаџментот на компанијата Кромберг и Шуберт да продолжи со инвестициските активности во Македонија“ соопштува Картелот на власт, а притоа, по сите критики, го признаваат позитивниот ефект во македонската економија, на пример дека една третина од набавките компанијата ја реaлизира од домашни добавувачи.

Исто како и со инвестирањето во инфраструктурата, која што Заев сака да го прикаже како свој успех, така и со странските инвестиции, Заев се перчи со туѓи перја. Сепак, граѓаните, особено оние кои се вработија, но и оние на кои оваа власт им ја ускрати таа можност, добро паметат кој што сторил за нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top