| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанка два пати измамена од ист човек: И земал пари за лек за канцер, па уште 1 000 евра за да и ја регулира пензијата

Во Полициската станица Карпош вчераутро, В.Г.(58) од Скопје пријавила дека во мај 2017 година во два наврати била измамена од лицето К.Ј. од Скопје, при што била оштетена за сума од 86.000 денари.

Првата измама ја сторил за набавка на лек за лекување на канцер. К.Ј. од пријавителката побарал и земал 400 евра за лекот. Тој го набавил лекот, но пријавителката се сомнева дека лекот бил со сомнително потекло. После тоа, К.Ј. во разговор со В.Г дознал дека не и решен статусот за пензија и ја убедил да му даде 1.000 евра за да може во најкраток рок да и го реши проблемот.

Од тогаш, па до денес пријавителката неколку пати стапила во контакт со К.Ј. и тој и кажал дека требало да помине одреден временски период за целосно завршување на работата, и други разни изговори дека бил многу зафатен, по што заклучила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчиустување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top