| четврток, 6 декември 2018 |

Финансиската полиција влегла во повеќе клиники

Управата за финансиска полиција во изминатите денови влегла на неколку клиники за проверки во однос на паралелен увоз на лекови, велат од Финансиската полиција.

Отаму наведуваат дека ќе изнесат дополнителни детали доколку се потврдат соменавањата што се предмет на истрагата.

Интернет порталот Нова тв претходно објави дека Финансиската полиција влегла на Клиниките за хематологија и ревматологија и во Агенцијата за лекови (МАЛМЕД) и оти  истражуваат последна набавка на лек Мабтера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top