| четврток, 6 декември 2018 |

Во М-НАВ им се брза да вработат сметководител за плата од 56.485 денари и пет советници за плата од 41.273 денари

Продолжуваат вработувањата во најбогатото акционерско друштво во државна сопственост. М-НАВ (Контрола на летање) со нов оглас бара шест советници и еден МЕТ-опсервер. Од преголемо брзање да се објави огласот, во него се провлекле грешки, пишува Независен.

За едно работно место советник, како што пишува во огласот, се бара „овластен смедководител за смедководствени финансиски прашања во Одделението за финансии и администрација“. Дека на местото на „д“ треба да стои „т“, видел и менаџментот на весникот каде што е објавен огласот.

Во третиот дел од огласот, за пет советнички работни места во секторот за воздухопловна техника, кандидатите, од посебните услови, треба само да имаат завршен факултет (седми степен или најмалку 240 кредити) и најмалку две години работно искуство. И не е важно дали имаат завршено медицина или земјоделство. А, ќе треба да советуваат во специфична област која покрива одржување, сервисирање и мониторинг на уредите и системите што ги користат леталата и обезбедуваат сигурен воздушен сообраќај.

Основната плата на „смедководителот“ ќе биде 56.485 денари, а на 5. советници за воздухопловна техника, по 41.273 денари.


Целиот текст ТУКА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top