| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски: Нашата влада во преговорите за името е неколку чекори зад грчката

На покана на меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Словенија предавање во Љубљана одржа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на темата улогата на евроатлантските интеграции во обезбедување на економски развој и политичка стабилност во југоисточна Европа.

Како што информираат од Институтот Мицкоски се осврнал на важноста на европските интеграции но и обезбедувањето на економска стабилност на државите на балканот што во суштина е и иднината на целиот регион.

-Процесот нa eвро-aтланска интеграција е главната движечка сила за просперитет во нашиот регион. Тој е мотивација за стабилизацијата и оддржливиот развој на земјите од регионот, како и ефикасна алатка за соочување со предизвиците за безбедност и стабилност преку дијалог. Јас искрено верувам во значењето на регионалните партнерства и регионалната соработка како рамка која би дала придонес кон напредокот на безбедноста и стабилноста, која би им овозможила на земјите да ја градат својата заедничка иднина. Земјите од Западниот Балкан мора да постапуваат заедно, независно од тоа што секоја ќе биде интегрирана зависно од мерит. Тие мора да го споделуваат гледиштето дека подобрување на веќе силната регионална соработка е приоритет. Во таа смисла, на НАТО и ЕУ им треба регионот исто колку што на регионот му требаат на НАТО и ЕУ. Безбедноста и стабилноста не почнува и запира во рамките на границите на една земја.

Во рамките на подолг период, земјите од Западниот Балкан се соочиле со бројни предизвици како што се уставните промени и соочувањето со внатрешните систематски проблеми со институциите. Оваа година, сме сведоци на позитивни моменти поврзани со пристапувањето на регионот во Европското семејство. Србија и Црна Гора се движат се понапред во процесот на ЕУ интеграција. Албанија ја доби својата прва перпорака за отворање на пристапни преговори, додека Македонија доби уште една препорака. Сепак, главното прашање кое ја блокира мојата земја од 2008 за членост во НАТО, а од 2009 за Европската Унија, е прашањето за името.
Во врска со билатералното прашање кое постои помеѓу Грција и Република Македонија би сакал да истакнам неколку посебни аспекти битни за овој процес. До денес, опозицијата добила еден брифинг кој се случил на 27 јануари. Од тогаш не сме добиле конкретни информации во врска со овој процес. Оттука, нашата перцепција е изградена врз основа на информации од медиумите. Над се, движејќи се напред, преговорите мора да биде во опфатот на двете Резолуции на Советот за безбедност од 1993 година и Времената спогодна од 1995 година. Сепак, треба да се истакне дека Времената спогодба беше прекрешна од Грција во 2008 при ставањето на вето за членството на Република Македонија во НАТО. Пресудата а МСП, и фактот дека Грција упорно ја игнорира нејзината содржина, е доказ дека Владата на Република Македонија мора да најде решение кое ќе инкорпорира заштитни механизми со кои што принципите и одредбите на било каков договор не би можеле да биде игнорирани заради субјективни политички причини или потреби од Грчка страна. Многу добро имаме видено дека одговорноста од правна гледна точка никогаш не е сигурна со Грција. Веќе подолг период Република Македонија е страната која ги дава сите остапки, а ништо не добила за возврат. Било какво решение мора да има дигнитет, да биде во опфатот на процесот предводен од ОН, и да гарантира дека билатералните односи ќе се градат рамноправно. За жал, се повеќе изгледа како да нашата Влада е неколку чекори позади Грчката и го води процесот на преговори реактивно наместо проактивно.
Република Македонија ја гледа својата иднина во НАТО и ЕУ. Од наша перспектива, НАТО е клучна алка за современата Евро-Атланска архитектура, додека ЕУ е најсилна движечка сила за демократски, економски и социјален развој на Европскиот континент. ВМРО-ДПМНЕ како и граѓаните на Република Македонија се свесни дека стратешките приоритет – членстово во НАТО и ЕУ – може да се остварат преку: имплементација на национални реформи, развој на регионална соработка и оддржување на добрососедски односи, како и континуиран придонес на регионалната и Евро-Атланската безбедност и стабилност.

На крајот на дискусијата тој потсети дека искуствата на сите рунди на проширување докажале дека перспективата на членство во НАТО и ЕУ остануваа клучна алатка кон обезбедување на долгорочна стабилост на глобалната сцена. Перспективата за Евро-атланската ингерација на земјите од ЈИЕ е главна движечка сила која стои позади нивните политички, одбрабени, безбедноси и економски реформски агенди. Секоја од овие земји има развиено своја специфична динамика во процесот на реформа и исполнување на условите за членство на НАТО и ЕУ, и тие навистина мора да бидат евалуирани врз основа на својот специфичен мерит, завршува Мицкоски.

-Порано се аргументираше дека Балканот страда од премногу историја и премалку географија, и како резултат на тоа единствен неизбежен одговор на потенцијалните закани на безбедноста во овој регион, и Европа, лежи во соработкат и интеграцијата. Во тој контекст, мора да ја наметнам тезата дека што побрзо НАТО и ЕУ ја завршат сеуште незавршната работа во нашиот регион, толку побезебедна ќе биде Европа. Во таа смисла, ЕУ и НАТО интеграцијата мора да бидат нагласени како клучна движечка сила која стои позади инклузивните сеопфатени општествени реформи.

Улогата на политичките лидер и да размислуваат и постапуваат во големи размери. Во таа смисла, јас ја гледам иднината на нашиот меѓусебно поврзан регион базирана на силни економски и трговски односи кои мора да бидат оснивани на силни внатрешни реформи на нашите правни, политички и економски системи. Наша улога е да ги подготвиме нашиот земји за динамичните и се повеќе променливите времиња на 21иот век. Времето за постапување е сега.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top