| четврток, 6 декември 2018 |

Детали за запалениот автобус утрово кај Стража: Пожарот избил кај моторот

Утрово околу 09.20 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, автобус со скопски регистерски таблици, кој се движел кон Охрид, а управуван од К.М. (51) од Скопје се запалил, информира МВР во дневниот билтен.

Автобусот се запалил во пределот на моторот, по што запрел и од него излегле сите патници. Пожарот бил локализиран од Бригадата за противпожарна заштита, нема повредени.

Бил извршен увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top