Условите за работа во американскиот гигант “Амазон” се нехумани, а платите мали, сведочат работниците.
– Без разговор со колегите ниту време за одење во тоалет или на ручек, казнување поради земање на боледување, смени од десет и повеќе часови и сето тоа за 2.250 долари месечно тоа би требало да го пишува во огласот за работа во складиштата на „Амазон” – пренесуваат медиумите.
Според приказните на работниците во „Амазон”, токму тие се нивните работни услови, бидејќи за компанијата да може да ги испорача пратките со брзината со која што работи, неговите работници мора да претрпат неверојатно нехумани услови за работа.
Новинарот Џејмс Бладворт работел во магацинот на компанијата и откако неговата приказна излегла на виделина, почнале да се јавуваат и други вработени и да раскажуваат што се преживуваат на работното место.
– Работниците главно не земаат паузи за одење до тоалет поради страв дека нема да ги исполнат нормите, па уринираат во шишиња или канти за ѓубре. Никогаш не сум го сведочел самиот чин, но сум наишол на шишиња полни со урина, а одвратниот мирис ме однел и до полните канти – рекол новинарот.
Исто така, бидејќи сите под константен надзор, работат со голем страв да не направат некаква грешка. Еден работник од Германија се пожалил дека сите на влезот мора да пројдат низ детектор за метали, и во посебни шкафови да ги стават своите работи, како мобилни телефони и паричници, но иако сето тоа е покриено со камери, на шкафовите никој не обрнува внимание. Поради тоа кражбите се многу честа појава.
– Не е дозволено правење паузи и разговарање со колегите. Доколку ве фатат дека го правите тоа, мора да слушнете монолог за тоа колку е важно да ја работите својата работа – рекол еден работник.
Иако формално постои пауза за ручек, сите се жалат дека таа внесува стрес.
– Треба повторно да минувате низ детектори, да чекате во редови, можеби нешто да каснете, но немате време за сето тоа. Паузата можеби трае 10 минути, а 20 минути стоите во редови – навел еден работник.
Сам Бладворт рекол дека бил казнет бидејќи земал слободен ден поради болест, а многу колеги му се пожалиле дека компанијата не води сметка за здравјето на вработените.
Од „Амазон”, секако, ги демантирале овие тврдења.
– „Амазон“ нуди сигурно и позитивно работно место за повеќе од половина милион луѓе ширум светот со компетитивни плати и бенефиции од првиот ден. Посветени сме на грижата за нашите вработени со достоинство и почитување. Не ги признаваме овие обвиненија како портрет на активностите во нашите згради – изјавила портпаролката на компанијата.
извор: Точка.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.