| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Полициските специјалци појадуваат сув леб, мармалад и путер

Полициските специјалци од Единицата за брзо распоредување, појадуваат сув леб, мармалад и путер, најелитните специјални единици во Република Македонија се хранат со леб, мармалад и путер, рече на денешната прескоференција Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Ниту една друга специјална единица во светот не се храни на овој начин. На луѓето што 24/7 треба да се грижат за безбедноста на нашата држава им се сервира сиромашна нискокалорична храна. Условите со кои се соочуваат припадниците на специјалната единица се катастрофални во секој поглед. Во просториите во кои што се сместени припадниците на Единицата за брзо распоредување нема топла вода за туширање, иако специјалците се таму и дење и ноќе, а смените често им траат и повеќе од 12 часа – рече Арсовски.

Тој рече дека над 1.500 припадници на специјалните единици, од поголем број на станици не им се исплатени парите за прекувремена работа.

– Се работи за луѓе кои што имаат одработено 150 часа месечно, со што им следува една просечна плата. Имено согласно Законот за работни односи, работникот кој има одработено подолго од полното работно време и кој нема отсуствувано од работа повеќе од 21 ден во текот на годината, кај истиот работодавач, покрај платата треба да му биде исплатен и бонус во висина од една просечна плата – рече Арсовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top