| четврток, 6 декември 2018 |

Љубов посилна од ужасот на војната – баба(96) и дедо(97) се во брак повеќе од 70 години! (Видео)

Сите знаеме за приказните за загубата и скршените срца на луѓе кои ја преживеале Втората Светска војна. Но, за разлика од трагичните приказни, постојат и оние со среќен крај. Една таква е приказната за австралискиот пар РоЈ Плаки (97) и Грејс Плаки (96), кои се во брак повеќе од седумдесет години, пишува Daily Mail.

„Седумдесет и четири години е многу време, но ние се уште се држиме за рацете секоја вечер, и тоа е последното нешто што го правиме секоја вечер”, изјави Рој.

Нивната љубов е посилна од било кога, и сега ги откриваат своите тајни за долга и среќна врска.

„Имавме среќен живот заедно, имавме многу пријатели, но, за жал, сите не оставија. Ние никогаш не си легнуваме со лоши зборови“, објасни Рој.

„И кои се последните зборови што ги кажувам?” го прашува Грејс нејзиниот сопруг.

„Те сакам”, одговора тој.
„Те сакам, исто така.”

Грејс вели дека тајната на долгите и успешни односи лежи во бракот со вистински човек, но и двајцата се согласуваат дека сè е сведено на фактот дека работите мора да се решат со зборување.

Рој верува дека поговорката „среќна жена, среќен живот” не е без врска.

Рој и Грејс имаат две деца, четири внуци и два правнуци.

Превземено од: Среќа.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top