| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар и Металург ќе се судрат утре во 20:30 часот

Дерби мечот од 5.коло во домашната машка ракометна Супер лига помеѓу Вардар и Металург ќе се игра утре (04.05.2018) во СЦ Јане Санданско во нов термин од 20:30 часот. Вардар неодамна ја одбрани титулата во Сеха лигата, избори пласман на Ф4 во Келн од ЛШ и успешно ги одработи заостанатите мечеви од домашното првенство. Црвено-црните со максимален ефект од 4 средби влегуваат во дербито со Металург.

Тимот од Автокоманда неочекувано загуби два бода на гостувањето кај Работник во Битола играјки реми од 27-27. Во тековната сезона, двете страни имаа дуели во Сеха лигата, и двата ги доби Вардар со 23-32 како гостин и 31-24 како домаќин. Влезот за дебрито во СЦ Јане Сандански е слободен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top