| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на првиот том на „Македонска рок енцикопледија“ на Тошо Филиповски

На 8 мај, вторник, пред платото на Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе биде промовирана првата „Македонска рок енциклопедија“ чиј автор е Тошо Филиповски.

„Македонска рок енциклопедија“ е отпечатена на 400 страници, во неа се пишува за 333 македонски музички состави, 2.000 споменати музичари и објавени се околу 400 црно-бели фотографии.

Издавач на енциклопедијата е „Корпус деликти рекордс“. Автор на енциклопедијата е музичкиот новинар Тошо Филиповски, кој години наназад е буден набљудувач, поддржувач, критичар и учесник во рокенрол културата и автентичниот урбан музички живот.

Енциклопедијата содржи биографии на разни состави – рок, џез, блуз, електроника, хип хоп, ворлд мјузик, поп-рок, панк, хеви метал, реге, ска… Содржи автори од периодот од 1963 до 2018 година кои создавале на тлото на Македонија, а со тоа активно дејствувале во креирање и развој на сцената.

„Првите 500 примероци се limited edition, своерачно нумерирани и потпишани, со бонус македонска CD компилација (History of Macedonian Punk/HC Vol.1 1979-2001) + налепница“, стои во соопштението за „Македонска рок енциклопедија“.

PRE-ORDER нарачки, по цена од 1,800 денари, се примаат до 06.05.2018 година. Цена на Енциклопедијата на самата промоција ќе биде 2. 300 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top