Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на денешната 45-седница на Собранието побара збор да се обрати пред колегите пратеници, што по кратко дебатирање со претседателот на Собранието му беше дозволено. Но, наместо, како што се очекуваше, да зборува за обемниот дневен ред, како што пред него направи неговиот партиски колега Драган Данев, Димовски излезе со сериозни обвинувања за злоупотреби во Собранието.
Тој рече дека има сериозни сознанија дека гостите кои доаѓаат во Собранието на посета кај опозициските пратеници, а се вработени во државни институции, се „кодошат“ кај работодавачите, односно во институциите се препраќат списоците во кои се запишуваат луѓето што влегуваат во Собранието.
– Сакам само да ја информирам јавноста за една работа што се случува кога одредени граѓани остваруваат посета во канцеларии во Собранието и се задолжени да се пријават во пријавница. Има список – кој дошол на средба со Димовски, со Тунтев, со Гаши, со Села. Она што е фрапантно и зачудувачко е што имаме потврда од институции каде дел од тие луѓе работат дека таквиот список од Собранието се препраќа во тие институции кај што работат дел од луѓето кои дошле на средба со пратеници кои не се дел од владејачкото мнозинство. Под посебна анализа се гостите кај Села, Гаши, Никола Поповски, Антонио Милошоски, кај мене и кај други пратеници од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ. Не барам да се преземе нешто, го знам наравот и причините, желбите и мотивите за ова. Мојата цел беше да ја информирам македонската јавност за тоа каков тоталитарен систем постои во ова Собрание – рече Димовски.
Притоа, Џафери му забележа на Димовски дека ја злоупотребува собраниската говорница за тема што не е предвидена со дневниот ред, предупредувајќи го доколку има какви било информации, да пријави до надлежните служби
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Димовски: Вие одлучивте во овој мандат да не се гради Клинички центар
-
Илија Димовски: Доколку се заврши оваа процедура, одговорно тврдам дека покрај Преамбулата, во Уставот ќе бидат променети најмалку 51 член (видео)
-
Со зборови на СДСМ, дури кога режимот бил пуштен на најјако, вака не било
-
Изборот на составот на ДИК и референдумот неизвесни?