| четврток, 6 декември 2018 |

Сопруг пресметал колкава плата треба да земаат жените за активностите кои ги извршуваат дома – ќе ве заболи глава

„Мојата плата не може да го покрие она што мојата сопруга го прави за нашето семејство”, признава американски блогер. Домаќинка и мајка е работа со полно работно време. Нема одмор, паузите се многу ретки. Американскиот блогер Стивен Нелмс пресметал колку неговата жена би зработувала доколку би ѝ плаќал за работата во нивниот дом. Тој заклучил дека тој никако не би можел да ја исплати нејзината работа околу синот и куќата.

„Мојата сопруга останува дома и се грижи за нашиот син секој ден. Му ги менува пелените, го храни, си игра со него, го легнува на спиење и го смирува кога е вознемирен. Секако, такво внимание детето добива и во градинка”, вели Нелмс.

„Разликата е во тоа што нашиот син е нејзиниот единствен фокус. Не постојат други деца за кои треба да се грижи. Целото нејзино внимание и енергија се вперени во него. Секако тоа е нормално за секој родител, да сака да се грижи за своето дете.

„Но, на пример за таква работа дадилката добива 800 евра неделно. Тоа е околу 37.00 евра годишно. Јас немам пари за такво нешто”, додава Нелмс.

Блогерот истакнува дека постои професинална услуга за секоја активност која ја извршува секоја мајка и домаќинка, но сето тоа чини многу пари.

Платата која би ја имала мајка и домаќинка доколку сите нејзини активности се третираат како професионалните услуги би изнесувале повеќе од 66.000 евра годишно.

„Мојата плата не го покрива тоа што го прави мојата сопруга за нашето семејство. Не би можел да си приуштам таква работна сила. Јас сум подготвен да ѝ го дадам признанието кое го заслужува, бидјеќи овие работи кои ги прави за мене и моето семејство не ги прави за плата. Постојано ѝ кажувам дека ја почитувам како жена, како мајка и личност која секогаш е тука за мене, таа е моја потпора во мојот живот”, напиша Нелмс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top