Пред судскиот совет во кривичен во случајот „Тенк“ даде изјава и сведокот вештак Тале Герамитчиевски, редовен професор на Техничкиот факултет и раководител на машинскиот оддел. Покрај овие ангажмани, сведокот бил и висок функционер ангажиран во владата на РМ од страна на политичка партија и во 2002 пратеник во Собранието.
Судијата Кацарска, усвојувајќи го приговорот на обвинителот Стефчо Донев, не дозволи сведокот да каже преку која партија сведокот ги добивал тие државни вработувања и ангажмани во владата на РМ. Според ЈО партиската поврзаност на вештакот е ирелевантна, бидејќи важна била неговата стручност.
Исто така судијата го прифати и приговорот на ЈО, сведокот да не одговори на прашањето од одбраната – кој бил управителот на фирмата за вештачење ЕОС Консалтинг АД Рим од Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст