| четврток, 6 декември 2018 |

Три филмови од три различни програми денеска на Скопје филм фестивал

На програмата на Скопје филм фестивал, денеска, филмовите од селекцијата Европски филм и од програмите Панорама на светскиот филм и Фокус на францускиот филм, ќе се прикажат во киното Фросина.

 

Кино Фросина

ЧИСТИ СРЦА /PURE HEARTS (2017)

Режија: Roberto DePaolis

Улоги: Selene Caramazza,

Simone Liberati,Barbora Bobulova,

Italy, 115 min.

Филмот ја имаше својата премиера на Канскиот филмски фестивал, а режисерот Роберто де Паолис е нов, свеж глас во италијанската кинематографија. Филмот на деликатен начин го критикува подемот на христијанскиот фундаментализам во Италија денес и односот на земјата кон ромското население.

„Чисти срца“ е деликатна и емотивна приказна за првата љубов на двајца млади додека се справуваат со непријателско опкружувањето поради економски, социјални и религиозни притисоци – што е многу актуелно во денешна Италија. Снимен е со голема вистина и интегритет – поздрав на неореалистичниот стил на италијанскиот филм од златната ера.

19:00h

ИЗВЕШТАИТЕ ЗА САРА И САЛИМ / THE REPORTS ON SARAH

AND SALEEM (2018)

Режија: Muayad Alayan

Улоги: Maisa Abd, Elhadi, Adeeb Safadi, Sivane Kretchner

Palestine/Netherlands/Germany/

Mexico, 127 min.

Филмот ја раскажува приказната за две двојки на спротивните страни од израелско-палестинскиот конфликт.

Оваа психосоцијална драма со елементи на политички трилер вешто ги доловува тензиите, како физички така и ментални, меѓу источен и западен Ерусалим и покажува како општествените норми спречуваат секаква форма на нормализирани односи меѓу Израелците и Палестинците.

21:00h

КРВАВО МЛЕКО /BLOODY MILK (2017)

Режија: Hubert Charuel

Улоги: Swann Arlaud, Sara Giraudeau, India Hair

France, 90 min.

Млад, осамен сточар опседнат со својата работа ќе направи сѐ за да ги спаси кравите од заканата од епидемија што може да ги уништи во овој неконвенционален ноар и личен прв игран филм на Убер Шаруел, „Крваво млеко“, искрен поглед кон руралниот живот кој си подигрува со трилерските конвенции. Секојдневниот живот на сточарите ретко е тема во француската кинематографија.

Вешто раскажувајќи ја едноставната приказна, режисерот максимално ја користи извонредната изведба на Сван Арло и на споредните ликови кои се многу реални (напорната мајка, локалната пекарка во потрага по маж, пријателите) за да ни донесе нежен филм што истражува едно драматично социјално прашање. Филмот, пред сѐ, е деликатен портрет на осаменоста на еден маж кој целосно е посветен на земјата и животните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top