По повод добивањето на безусловна препорака за почеток на преговорите со Европската Унија, премиерот Зоран Заев одржа прес-конференција.
-Ова е еден од оние денови кога сите граѓани на Република Македонија можат да бидат горди, без исклучок. Денеска стигнавме, сите заедно, до една од најважните темелни одредници на патот до целосно остварување на нашите стратешки цели. Денеска сме чекор поблиску до Европската Унија и до достигнување на економските стандарди на Европската Унија – изјави Заев.
Премиерот нагласи дека оваа препорака е признание на реформите за кои се залага владата.
-Оваа година препораката е чиста и безусловна, а тоа значи дека Република Македонија го исполнува основниот политички критериум за членство во ЕУ, што треба да овозможи почеток на преговорите за пристапување во членство во ЕУ – додаде премиерот.
На прес-конференцијата Заев додаде дека членството во ЕУ меѓу другите поволности, значи и подобрување на бизнис климата, повеќе инвестиции и повисоки плати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст