Во многу земји ширум светот овој свет е симбол за надеж во борба против туморот, но сега научниците велат дека токму овој чест цвет во скоро сите дворови и градини може да игра поконкретна улога во борба против оваа болест. Станува збор за нарцисот.
Имено, истражување спроведено во белгијскиот универзитет „Université libre de Bruxelles“ укажало дека алкалодите од нарцисот може да го блокираат производството на протеини кои туморите ги користат за да растат повеќе.
Станува збор за alkaloid hemantamin, терапевтски молекул од природно потекло. Во групата вакви молекули спаѓаат и морфиумот, кининот и ефедринот. Овој алкалоид поттикнува стабилизација на протеините, па доколку и додатни истражувања утврдат, може да елиминира и ќелии на тумор со тоа што би ги врзал со рибозоми кои се одговорни за синтеза на протеините.
И самите научници велат дека откритието е сјајно, но доколу ви падне на памет сами да се обидете да користите нарцис во здравствени цели, размислете уште еднаш – доколку неговото стебло го џвакате и јадете, доаѓа до осип и вртоглавици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст