За седум српски државјани, кои се меѓу деветмината обвинети за убиството на американскиот Бакари Хендерсон на грчкиот остров Закинтос, во обвинителниот акт се бара доживотен затвор, објави денеска српскиот весник „Политика“.
Весникот пишува дека истрагата утврдила оти младиот човек починал 11 секунди по удар со нога во главата и дека еден од учесниците во тоа кривично дело никогаш не е идентификуван.
Според одлуката на советот за прекршоци на Закинтос, таа казна е побарана во обвинението на 55 страници за деветмина учесници во тоа кривично дело, а на шестмина учесници ќе им се суди за „тешко кривично дело убиство без предумисла во мирна психичка состојба”.
Во заклучокот на судијата се вели дека „младиот Американец бил нападнат со намера да биде убиен“.
Инаку, лани во јули, 22- годишниот американскиот државјанин Бакари Хендерсон беше убиен на Закинтос по караница за девојка.
Даница е клучниот сведок: Заради оваа хостеса се случило убиството на Закинтос
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст