Сопругата на советникот во Минситерството за култура Златко Теодосиевски, Гена Теодосиевска, која беше избрана за директор на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ вели дека нејзиниот сопруг немал влијание во изборот за директор на „Браќа Манаки“.
Ви ја пренесуваме неговата реакција испратена до „Република“.
Во вашиот текст насловен: „Непотизмот цвета во Министерството за култура, сопругата на советникот станала директорка“ (објавен на 04 април 2018, непотпишан) изнесени се груби невистини дека мојот сопруг ме вработил како директор.
Јас сум вработена во Македонската радиотелевизија од декември 1991 година и сеуште работам таму на работното место Раководител на Одделението за меѓународна соработка. По професија сум новинар, водител и филмски критичар и повеќе од 25 години ја следам визуелната култура и филмската уметност.Од 2008 година бев поставена за селектор на документарната програма на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, а последниве две години бев назначена и за уметнички директор на овој фестивал.Фестивалот е основан и го организира Друштвото на филмските професионалци на Република Македонија. ДФРМ делува како невладина организација и тие имаат свој правилник на работа и критериуми за избор на директор на ИФФК„Браќа Манаки“.Јас бев избрана по поднесување на програма за работа на фестивалот и ме избираат членови на ДФРМ.Што значи ниту мојот сопруг, ниту пак кој и да е друг имаат било каков удел во тоа.Како член на Советот на Агенцијата за филм во периодот во 2015-2016 немав увид во серијата која ја споменувате. Сериите ги читаа други и за нив се изјаснуваа и даваа евалуации други лица, чии имиња не ни беа соопштени.Вашиот текст ја нарушува мојата приватност и ми нанесува штета на мојот углед и достоинство.Барам веднаш да се извините во спротивно ќе поднесам тужба против вас и вашиот портал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст