И кралските семејства се како обичните – снаите и свекрвите не се мирисаат.
На една снимка направена на Велигден се гледа дека во шпанското кралско семејство односите меѓу кралицата Летиција и нејзината свекрва, кралицата Софија, се не идеални.
Камерите фатиле напрната ситуација, во која кралицата Софија сака да се фотографира со внуките Леонора и Софија, но тогаш во кадар влегува Летиција, која ѝ ја трга раката на бабата од рамото на внуката.
Кога видела дека тргнува кон неа, постарата ќерка на Летиција, ги оттурнува и раката на мајка си и раката на баба си, а жените разменуваат остри погледи.
Снимката ја видела и Мари Шантал, сопругата на грчкиот принц Павлос, внука од сестра на кралицата Софија, и била згрозена, па искоментирала на Твитер. „Ниту една баба на светот не заслужува ваков третман. Конечно го покажа вистинското лице. Ужасно“, пишува во избришаниот твит на Мари.
Happy grandparents! Family is what it’s all about 💋💕🌸❤️ pic.twitter.com/z6PCx8IWVS
— Marie-Chantal (@MarieChantalUK) April 3, 2018
Во небрано се нашил и кралот Фелипе, па и тој се замешал да ја смири ситуацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)