| четврток, 6 декември 2018 |

Дескоска вработува масер – ќе биде одговорен за јавните набавки во МОН

Министерството за образование и наука распишало оглас за вработување на помлад соработник во Секторот за јавни набавки на Министерството. Во „посебните услови“ што треба да ги исполнува совршениот кандидат за позицијата која ќе му носи месечно 21.000 денари, наведено е дека се бара лице кое поседува 6Б квалификации од правните науки, политичките науки или кинезиологија.

Кинезиологијата е е наука за движењето на енергиите во телото или просто речено фискултура, па така кинезиологот никако не може д се доведе во професионална врска со јавни набавки.

Aко се знае дека кинезиологија е наука за движењето, а се опишува како дополнителна или алтернативна терапија која, при следењето на мускулите, се обидува да ја пронајде причината за нерамнотежата во телото, тогаш може да се претпостави дека човек кој нема допирна точка со јавните набавки, единствено што може да пружи во еден ваков сектор е масажа. Кинезимасажата што би ја добивале вработените во секторот за јавни набавки во МИН од нововработениот кинезиолог го ослободува телото од стрес. Најчесто се користи при здравствени проблеми, како што се стрес, заболувања на мускулите, проблеми со исхраната, емоционални проблеми, тешкотии со учењето и однесувањето. Оваа наука се фокусира на неоткриените реакции на стресот и користење на одредени техники, со цел да му помогне на телото само да закрепне. Кинезиологија се базира на древната кинеска теорија на акупунктура и чи енергија, од каде ги влече своите корени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top