Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека сме поблиску од кога било до решение за спорот за името со Грција.
Според Груби, парламентарното мнозинство покажало дека има храброст да ги решава проблемите и спроведува реформите.
-Тоа ќе биде случајот и во процесот на решавање на спорот за името- додаде тој.
Запрашан околу евентуалното менување на Уставот, Груби кажа дека за да дојдеме до тоа прашање, треба претходно да се решат многу други прашања.
-Прашањето на Уставот е најтешкото прашање- кажа Груби.
Тој додаде дека од аспект на еден Албанец, се залагаат за достоинствено решение, затоа што само така може да биде прифатливо за етничките Македонци. Според него нема ништо спорно околу идентитетот и македонскиот јазик кој е признаен од ООН.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.