Економската ситуација е катастрофална и на Македонија ѝ се случува цунамито Заев – Тевдовски – Анѓушев, а денес на тоа цунами му се придружи и Сугарески, констатира претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на средбата со граѓаните и членовите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Центар.
-Видоа дека ги критикуваме дека немаат капитални инвестиции, па на прес-конференција најавија дека 270 милиони евра ќе инвестираат во реализација на патишта во Република Македонија, но заборавија да кажат дека тие проекти беа направени пред 10 месеци и дека парите за реализација на тие проекти беа предвидени уште пред 10 месеци. Што правеле тие овие 10 месеци, ги преспале, рече Мицкоски.
Тој посочи дека планот 3-6-9 не се реализираше.
-Сами го направија планот, и сега им бараме отчет колку реализираа бидејќи поминаа 9 месеци, а резултатот е само 42 отсто реализација. Сега наеднаш планот 3-6-9 стана 3-6-9 плус, што значи ќе се развлече до недоглед, во математиката тоа го викаме полутосечка, истакна Мицкоски.
Мицкоски се наврати и на пензиите и посочи дека било ветено 10% поголеми пензии но дека ни тоа не се остварило, а зголемувањето е укинато.
-Ниту прават реформи ниту пак имаат намера да ги прават, а ниту па имаат план да ги направат тие реформи. Единствено план имаат како ова цунами побрзо да се збогати и да ја уништи државата, вели Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека Македонија има економскиот раст од 0% кој е најслаб во Европа, не се креираат нови работни места, а директните инвестиции споредено со минатата година се помалку за 100 милиони евра. Потенцираше и дека девизните резерви во овие 10 месеци се намалени на 218,2 милиони евра додека монетарното злато изгуби вредност од 12,5 милиони евра.
-Намалено индустриското производство, градежништвото стагнира со најмалку 30%, но она што е пострашно договорените работи за во иднина се помали за 12% од тие што беа во 2017 година. Значи оваа 2018 ќе биде катастрофална, рече Мицкоски
Мицкоски го посочи дека за да се затскрие сведочењето на бизнисменот од Струмица почнале да вадат слики дека бил на 27 април во Собранието. Тој не крие дека бил пред Собранието, нема од што да се срами или да лаже, заошто таму бил со сопствениот народ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст