| четврток, 6 декември 2018 |

Портпаролот на МВР Ангеловски за новинарите: Спијам бе, што сакате да ви потврдам?

Додека МВР доцна по полноќ брутално ги апси луѓето кои денеска беа ослободени од притвор за случувањата од 27 април – службата за односи со јавноста на министерството спие.

Република вечерва во неколку наврати се обиде да го добие на телефон портпаролот на Министерството, Тони Ангеловски, од кој сакавме да добиеме официјална потврда на информацијата која ја имаме дека откако беа ослободени, ноќва биле повторно уапсени Митко Чавков ексминистер во МВР и директор на БЈБ, Душко Лазаров началник на ЈРМ, Митко Пешов началник на гранична полиција, и две лица од Собраниското обезбедување Поповски и Ѓошевски.

По вториот обид, Ангеловски одговори на нашиот телефонски повик, и откако му го упативме прашањето налутено ни одговори:

– Спијам бе. Два саат е. Што сакате сеа да ви потврдам? – по што заврши нашиот телефонски повик.

Вечерва не спијат специјалците кои апсат, не спијат истражните судии, не спијат службите од оделението за притвор, не спијат истрауматизираните семејства на уапсените, не спијат новинарите кои го следат случајот – спие само Ангеловски.

Дали портпаролот на МВР ќе понесе одговорност за ваквото непрофесионално однесување, останува да видиме.

Љ.З

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top