Денеска ги пуштија, ноќва повторно ги апсат – власта по втор пат брутално се изживува со обвинетите за настаните од 27 април. Полициски специјалци вечерва вршат насилни упади во домовите на обвинетите и пред нивните најблиски со брутални методи ги апсат и изнесуваат со лисици.
Како што дознава Република, брутално пред очите на нивните семејства (кои денеска се израдуваа на ослободувањето од притвор на нивните најблиски), ноќва по полноќ повторно биле приведени М.Ч, М.П, Д,Л, О.П и Г.Ѓ, кои беа пуштени денес.
За овие лица Република има потврда, но сеуште не се знае дали се уапсени и други обвинети.
Република се обиде да стапи во контакт со портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, но тој вечерва не одговара на телефонските повици.
Апсурд – ноќва повторно се апсат обвинетите за 27 април кои вчера беа ослободени
Инаку денеска обвинителството поднесе обвинение против 30 лица за настаните кои се случија во Собранието на 27 април кога беше извршен упад во Собранието.
Од вкупно 35 осомничени обвинението е поднесено против 30 лица, за четири лица е прекината постапката бидејќи не се достапни за органите на прогонот, а за едно лице постапката е запрена бидејќи обвинителството не нашло докази дека лицето сторило кривично дело.
Дваесет и осум лица се товарат за терористичко загрозување на Уставниот поредок и безбедноста, а две лица се товарат за помагање за истото кривично дело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст