| четврток, 6 декември 2018 |

Напаѓачот му упатил неколку тупаници, шлаканици и клоци на пратеникот од ЛДП

Лидерот на ЛДП и пратеник во македонското собрание, Горан Милевски поминал со лесни, површни повреди откако денеска бил нападнат од непознато лице во центарот на Скопје. Тој по прегледот и изготвеното лекарско уверение за здобиените повреди е пуштен на домашно лекување. Според првичните информации напаѓачот успеал да го удри со тупаници и шлаканици по телото и главата, по што си заминал.

Според некои неофицијални информации причина за нападот е револт граѓанин поради начинот на кој Милевски гласал во Собранието на Р.Македонија по однос на законот за јазици.

Од МВР го потврдуваат настанот:

Во 16,30 часот Г. М. пријави дека додека се движел по плоштад Македонија бил нападнат од едно лице. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот..

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top