| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија се изнапромаши и отпадна од игра за ЕП

Нема Европско првенство за репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 19 години. Шансите и дефинитивно паднаа во вода по денешниот пораз во голеадата со Унгарија на тренинг комплексот „Петар Милошевски“ при ФФМ. Конечни 3:4 за гостите за втора „нула“ за селекцијата на Вујадин Станојковиќ на турнирот на кој е домаќин. „Црвено-жолтите“ во средата загубија и од Летонија со 1:2, па преостанува уште дуелот со Англија во вторник од 14 часот за достоинствено завршување на циклусот.

Двоен стрелец за Македонија против Унгарците беше Бојан Колевски во 12 минута и во 64., третиот погодок беше дело на Димитар Митровски во втората минута од судиското ектра време на првото полувреме. Јани Атанасов, пак, во 58 минута не успеа да реализира најстрога казна со што беше пропуштена прилика за водство со 3:2 во тој момент. Атила Мочи во четвртата минута, Саболич Шон во 36., Левенте Листјик во 67. од пенал и Зомбор Беварди во 82. погодија за противничкиот тим.

Во вториот меч од второто коло во групата 2 од елитната УЕФА фаза на квалификации за ЕП, Англија ја совлада Летонија со 3:0 и осамна на врвот на табелата.

Елитна фаза на квалификации за ЕП 2019 (У19)

Група 2

Резултати, 2 коло: Македонија – Унгарија 3:4, Англија – Летонија 3:0

Резултати, 1 коло: Македонија – Летонија 1:2, Унгарија – Англија 1:4

Табела: Англија 6, Унгарија 3, Летонија 3, Македонија 0.

Двојки за 3 коло: Англија – Македонија (вторник, 14 ч., тренинг комплекс ФФМ), Летонија – Унгарија (вторник, 14 ч., „Телеком арена“).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top