| четврток, 6 декември 2018 |

Просечната плата во јануари 24.025 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во Македонија во јануари годинава изнесува 24.025 денари и е за 5,6 отсто повисока од јануари лани

Како што информираат од Државниот завод за статистика растот се должи, пред се, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (37,3 %), Рударство и вадење камен (20,3 %) и Земјоделство, шумарство и рибарство (12,5 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (31,4 %), Рударство и вадење на камен (10,1 %) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (6,3 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во јануари 2018 изнесува 35.225 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top