Посетата на министерот Коѕијас е во рамки на континуираниот дијалог меѓу двајцата министри за надворешни работи, посветен на унапредувањето на односите меѓу двете земји.
По вчерашната заедничка вечера, разговорите на министрите Димитров и Коѕијас ќе продолжат денеска во контекст на напорите за надминување на разликита околу името, како и на други билатерални прашања од заднички интерес, со акцент на имплементацијата на Мерките за градење доверба.
Денеска од 9 часот наутро ќе почне најпрво средбата на Димитров и Коѕијас, по што ќе има и пленарни разговори меѓу делегациите на двете земји.
Потоа од 10,50 до 11,20 часот предвидена е и конференција за медиумите на министрите Димитров и Коѕијас во амфитеатарот од Министерството за надворешни работи на Македонија.
За време на престојот во Македонија, министерот Коѕијас ќе биде примен и од претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, како и од заменикот претседател на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, соопшти МНР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст