Средбата со граѓани и партиски членови на ВМРО-ДПМНЕ во Подареш ја почнавме со реченицата на Јован кој ми кажа: мене ми треба држава, народот сака да си ја врати државата.
Благоја, човек во години, кој седеше до него додаде, како тргнале да разграбуваат овие од власта дали воопшто ќе си ја сочуваме, владее само сиромаштија – ова се зборовите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по денешната средба со граѓаните.
Тој на својот фејсбук профил објави дека го разбира неспокојството на граѓаните, бидејќи, како што пишува, тие подобро од сите чувствуваат дека имаме работа со киднапирана држава.
-Им одговорив, тоа од сите нас зависи, тоа е борбата на ВМРО-ДПМНЕ, за достоинствен живот, со повисок стандард, земја на горди и среќни граѓани, кои веруваат во својата земја и во кој центарот на вниманието е токму народот на оваа земја. За да се оствари тоа потребно е да се порази СДСМ и Заев, и за тоа е потребна поддршката од секој човек, секоја индивидуа која се согласува со нашите принципи и вредности, и која се спротивставува на неправдите и хаосот кој сега ги продуцира власта. Ќе помине време и јас сум длабоко убеден дека сето она што сега го прават луѓето предводени од Зоран Заев еден ден длабоко ќе се кајаат – пишува Мицкоски.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


