Закани по животот пристигнале во приватни пораки на социјалните мрежи на профилот на членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски, откако тој одржа неколку прес конференции во име на партијата по повод силеџиското „изгласување“ на законот за јазици, пишува „Инфомакс“.
„Изминативе неколку дена до мене освен многуте охрабрувања и поддршка, стигнаа и неколку заканувачки пораки од другарчиња албанци поради моите прес конференции. Во суштина ова е класичен кукавички чин, затоа што инбоксот не е место каде разговараат сериозни луѓе. Видете вака “почитувани”, агресивни човечиња: во мојата идеја за заштита на Македонија ова е нешто што најмалку можам да сторам, и не само сега, секогаш кога мојата земја ќе се соочи со проблем јас ќе бидам напред во нејзина одбрана ! И ве замолуваме не арчете закани, затоа што единственото нешто од кое Орце Ѓорѓиевски се плаши е Господ Бог.
Да живее Македонија !!!“ – напиша Ѓорѓиевски на неговиот ФБ профил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст