| четврток, 6 декември 2018 |

Овој маж доаѓа од 4000-та година и вака изгледаат „автомобилите од иднината“ (видео)

Машка личност која тврди дека допатувал од 4000-та година, покажа фотографија на која тврди дека е прикажан изгледот на автомобилите од иднината.

Типот се претставува како Џон тврди дека „веќе 6 години живее во минатото“, а вели дека е ко-основач на компанијата Zucar – една од водечките автомобилски компании во иднината. Покрај своето излагање за Apex TV, прилож и фотографски доказ на кој тврди дека е прикажан неговиот „прекрасен модел DR-18“.

Тие возила, како што тврди тој, се доста лесни за управување, додека сообраќајните несреќи со нив се „невозможни“ бидејќи во иднината нема патишта.

„Патем да споменам дека во нашата компанија нема вработени, бидејќи целокупниот процес на производство е механизиран“, вели типот и додава дека тие во иднината имаат „паметни машини“, а го претстави и концептот за „електронски човек“.

За луѓето од иднината (неговата наводна сегашност) вели дека се различни од денешните, а најголема разлика е во животниот век.

„На пример, јас имам 132 години, но изгледам како да имам 20-25 години“, вели тој и додава дека во неговото време луѓето живеат околу 200 години во просек, благодарение на некоја инјекција која ја примаат на рана возраст.

Џон е само еден од многуте „патници низ времето“ кои се појавија во последно време. Инаку, и покрај големиот број на скептични мислења и ставови кои се појавија на YouTube каналот од Apex TV, кои се специјализирани за „паранормални содржини“, американскиот математичар и физичар Бен Типет, од универзитетот Бритиш Колумбија, пред речиси една година објави студија во која го претстави математичкиот модел според кој може да се направи машина за патување низ времето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top