Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, и генералната директорка на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА), Керин Јамтин, денеска ќе ги потпишат договорот за развојна соработка и договорот за општите услови на развојната соработка помеѓу Република Македонија и Шведска. Пред официјалната церемонија тие имаа кратки обраќања, при што Османи го искажа задоволството од можноста за билатерална соработка со Шведска.
– Односите меѓу Македонија и Шведска се враќаат со билатерална соработка. Досега имавме можност да бидеме дел од меѓународната соработка, меѓутоа билатералната соработка има двојно значење. Политичката порака е дека Владата работи за враќање на Македонија на патот кон ЕУ. Финансиската помош од 9 милиони евра за наредните 3-4 години е значителна за реформите. Посебно значајно е тоа што овие средства се наменети за европската интеграција, владеењето на правото итн. Ова е оправудвање за нас политичарите, а охрабрување за граѓаните, истакна вицепремиерот.
Директорка на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА), Керин Јамтин, истакна дека Шведска сака да ја види Македонија како важен играч во регионот.
– Шведска ја поздравува обновената одлука на Македонија да учествува во процесот на интеграција во ЕУ. Од 1999 до 2012 година Шведска беше билатерален донатор за европска интеграција за Македонија. Во 2012 година престана билетералната соработка, Македонија продолжи да добива поддршка, а Шведска беше застапена во Македонија преку нејзината амбасада. Ние сакаме да ја видиме Македонија како важен играч во регионот. Нашиот прироитет е да помогнеме за развој на економијата во земјата преку размена на услуги, зајакната демократија, владеење на правото и подобрување на животната средина. Почитувањето на човековите права и антикурупцијата се важни елементи во овој процес на соработка, рече Јамтин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст