| четврток, 6 декември 2018 |

Поплавите во Хрватска однесоа животи

Цела ноќ траеше потрагата по велосипедистот , кој исчезна во надојдените води на реката Илова .Во потрагата се вклучија и пожарникари и спасувачи на вода , но попусто . Потрагата по велосипедистот продолжи и во текот на денот без резултати. Во друг несреќен случај загина 84 годишен старец од Огулин , кога врз него од покривот паднал снег што се стопил. Уште четири лица се во болница , кои настрадале на сличен начин .
Минатата недела Хрватска беше прекриена со снег кој наместа достигнуваше и три метра , за од вчера да почне нагло затоплување на времето , што предизвика излевање на реките и несреќи со стопен снег.

 

извор:канал 5

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top