Маж од Сингапур си го искомплицирал животот сакајќи да го продаде својот стан. Невнимателниот продавач дал се од себе да направи колку што е можно повеќе фотографии од станот што го продава, а во таа желба изгорел самиот – изгледа целосно заборавил дека низ домот има огледала, а штом има огледала, ќе има и доказ дека угул гол како фотографира. Така, пенисот на Сингапурецот завршил на страницата на агенција за недвижности.

Огласот, секако, веќе не е достапен, но има запис како изгледала една од спорните фотографии.
Зад сево ова, секако, постои и логична приказна. Типот чистел по дома пред фоткањето, па му било топло и се слекол. Потоа фоткал, а резултатот го гледате.

Дека има вишок на фотографијата не сфатил ни агентот за недвижности на страницата 99.co.
Набрзо фотографијата и огласот се тргнати од страницата, но не и од интернет.
Ако кликнавте за огласот, а не за пенисот, се работи за четирисобен стан во градот Чоа Чу Канг на западот на Сингапур, кој се пордавал за 350.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


