Двајца германски новинари биле уапсени вчера од страна на грчката полиција на грчко-турската граница, додека известувале за движењето на мигранти во регионот, јави новинската агенција ДПА.
Германската амбасада во Атина ја потврди веста. Уапсените се 33 годишна жена и 31 годишен маж, за кои се претпоставува дека работеле за телевизијата АРД. Тие немале дозвола да престојуваат во добро чуваната погранична област меѓу двете држави. Германското Министерство за надворешни работи информираше дека работи преку конзуларните служби да го расчисти случајот.
Апсењето на новинарите доаѓа една недела откако турската армија зароби двајца грчки војници кои ја преминале границата додека биле на патрола. Војниците се обвинети за шпионажа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст