| четврток, 6 декември 2018 |

Бекир Асани се врати на местото на злосторството – со истото возило на истото место, се чека лутиот пајак (фото + видео)

Бекир Асани, поранешниот претседател на општинската организација на ДУИ во Чаир, повторно го паркирал своето возило на истото место каде што при обид пајак-служба да го крене возилото, пајакот ја повреди полицајката. Читатели на „Република“ ни исоратија видео и фотографија, тврдејќи дека Асани е повторно на местото на злосторството – со истото возило на истото место.

Дали овојпат полицијата ќе реагира?! Дали и вечерва пајакот ќе биде победникот, Асани ќе помине без казна, а полицијата со повреда од пајакот?! Ќе реагира ли вечерва полицијата самоволието на членот на ДУИ, кому очигледно никој ништо не му може, па дури ни опасниот пајак?!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top