| четврток, 6 декември 2018 |

Има 95 години и порачува: Пешачете за да не заборавите да одите

Пешачете, за да не заборавите да одите. За оваа животна мудрост која ја слушал од дедовци и прадедовци, ни раскажуваше неодамна 95-годишниот кавадарчанец Атанас Златев, преживеан борец од НОБ, кој иако се ближи до стотата година од животот, го сретнавме како пешачи на височинка надвор од централното градско подрачје, пишува МИА.

Тие паметни зборови им ги пренесувал на младите, од кои некои своето слободно време наместо во здрави активности како него, гo трошат во прекумерно јадење, одмарање и седење пред компјутер. Животната поука особено важи за оние кои на кафе во градот на најблиски дестинации, заминуваат со автомобили.

Иако ја тера 95 година од животот, чичко Наце ни раскажа дека во изминатиот период често пешачел на релацијата до спомен костурницата надвор од градот. Ако некој ден не се чувствувам во најдобра форма, вели, ја пешачам долната линија или поблиската дестинација од неговиот дом.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top