| четврток, 6 декември 2018 |

Пајакот го „нападна“ и Спасовски!

Прво тврдеше дека имало само вербален напад, а сега доказниот материјал ќе се предава во Јавното обвинителство

Имало или не напад врз полицајката? Кој и како ја нападнал? Минситерот за внатрешни работи Оливер Спасовски некако има дилема, или прво збори едно, после друго. Прво се среќава со полицијаката, па следат изјави дека сама се удрила, а Бекир Асани само вербално ја нападнал, а потоа Спасовски мртов ладен изјавува дека доказниот материјал ќе се предавал во јавното обвинителство. Тој повика да му се достават докази.

Спасовски ги повика сведоците на инцидентот кај ТЦ Мавровка во кој полицајка вербално била нападната додека ги извршувала своите работни задачи на крстосницата на булевар „Гоце Делчев“ и улицата „Филип Втори“ во Скопје, како и сите кои имаат снимки да ги достават до МВР за да можат да ги процесуираат до Јавното обвинителство.

– Снимките кои ги има од камерите кои се на Град Скопје веќе се обработуваат и ќе бидат доставени, а доколку има било кави други снимки да се достават до МВР за да се документира случајот и да се расчисти до крај. Одговорно тврдам дека тоа што беше вчера соопштено е документирано и е предадено во ЈО и МВР стои на располагање да го расветлиме случајот ако имаме било какви нови материјали и докази кои ќе кажат дека нешто поинаку се случило. Тоа ќе биде добро и за постапувањето на полицајците во иднина,
рече Спасовски.

Што изјави полицајката по средбата со Спасовски?

-Во текот на вршењето на редовна контрола забележав неколку возила кои се непрописно паркирани. Според процедурата, возилата ги фотографиравме и започнавме со нивно подигање. Во тој момент пристапи едно непознато лице за кое подоцна разбрав дека станува збор за Б.А., и почна да вика. Веднаш повикав засилување и дојдоа поголем број полициски службеници, раскажа. Таа рече дека сама се удрила, а Асани вербално ја нападнал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top