| четврток, 6 декември 2018 |

По ремито на РНЛ и Нант, Вардар сигурен четвртфиналист во ЛШ

Европскиот и македонски првак Вардар и без разлика на исходот од денешниот натпревар со Висла (почетокк 17 часот, сала СЦ Јане Сандански) го обезбеди првото место во групата А откако синоќа германскиот првак Рајн Некар Ловен и француски Нант одиграа нерешено 30:30. Во редовите на РНЛ македонскиот репрезентативец Филип Талески постигна три голови, додека кај Нант поради повреда и натаму не настапува капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров.
По нерешениот резултат Нант собра 20 бодови, колку што има и Вардар (со натпревар помалку), но нема веќе шанса да го мине европскиот шампион.

Од групата А денеска играат и Барселона – ПИК Сегед, како и Загреб – Кристијанстад.

Табела:
1 Вардар 20
2 Нант 20
3 Барселона 18
4 РНЛ 17
5 ПИК Сегед 13
6 Висла 6
7 Загреб 6
8 Кристијанстад 6

Во групата Б првото место го има обезбедено францускиот првак ПСЖ, додека по вчерашната победа над Цеље унгарски Веспрем е втор. Македонскиот репрезентативец во дресот на Веспрем Дејан Манасков дуелот го заврши со три голови.

Табела:
1 ПСЖ 22
2 Веспрем 18
3 Флензбург 16
4 Кил 15
5 Киелце 15
6 Мешков Брест 10
7 Цеље 7
8 Алборг 5

Попладнево се играат дуелите од последното коло по групи Алборг – Флензбург и ПСЖ – Кил.

Покрај овие дуели се играат и реванж бараж натпреварите: Скјерн – Мотор (30:32 прв натпревар) и Монпеље – Адемар (28:24).

Ракометарите на Вардар со освоеното прво место во групата слободни се во осминафиналето, а потоа ќе играат со победникот од осминафиналната пресметка меѓу ПИК Сегед (А5) и Кил, Киелце или Флензбург (Б4).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top