| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е мажот кој на семејството Трамп му испратил писмо со бел прав (видео)

Маж од Масачусетс, 25-годишниот Даниел Фризиело, бил уапсен под сомнение дека стои зад праќањето на писмата со бел прав на познати луѓе ширум САД, соопштиле властите.

Апсењето уследило откако траг од истрагата довел до него, а преку компанијата која ги продава, за 10 долари, таканаречените „светликави бомби”, налик на честитки од кои излегуваат светки на сите страни кога ќе се отворат.

Како што се наведува, тој бил идентификуван како осомничен кога инспекторите ги поврзале нотификациите на Твитер со „светкавата бомба” која била пратена на едно од лицата кои добиле коверт со сомнителен бел прав.

Од компанијата која ја пратила пратката било кажано дека добиле барање да ги испратат писмата до еден од членовите на семејството Трамп, но дека одбиле поради поврзаноста со претседателот.

Американската поштенска инспекција соопштила дека Даниел Фризиело пратил неколку писма со бел прав во последните неколку недели.

Против него се поднесени пријави за праќање на заканувачки пратки и предизвикување на лажна закана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top