„Преговорите за името да престанат“, „Владата да не преговара со Грција“, „Декларација во ООН за прекин на преговорите“ – ова беа дел од пораките кои ги упатија присутните на вечерашниот протест за одбрана на името „Македонија“. Свештеник на МПЦ, кого „Макфакс“ го прашале за став дали треба црквата да се меша во политичките процеси, тој одговорил дека треба, зашто ова не биле политички преговори, туку народен протест. На прашање зошто немало протести во 2008 година, кога Македонија на Самитот на НАТО во Букурешт понуди предлог „Република Македонија (Скопје)“, дел од демонстрантите одговорија дека тогаш не биле доволно известени, но дека за протест никогаш не е доцна.
Неколку илјади демонстранти со знамињата на историска Македонија и државното знаме на снегот тргнаа од ЕУ Инфо Центарот и завршија пред Собранието. Пееја патриотски и народни песни, а скандираа „Македонија“ и „Заев предавник“. Дел од нив со себе носеа чадори, топла облека, но имаше и по некое шише ракија. Во првите редови на протестот беа Антонио Милошоски, Сотир Костов, Тодор Петров, владиците Агатангел и Петар, претставници на македонската дијаспора. Од претседателот побараа амнестија за сите притворени и затворени за настаните во Собранието на 27 април, повикувајќи се на членот 11 од Законот за помилување, а повредените во настаните да ги повлечат тужбите.
Видеото погледнете го на Макфакс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст